Цела година германски пациент имал низа симптоми кои се влошувале, а лекарите не успевале да ја откријат причината. Неговото срце почнало да откажува, видот и слухот се влошиле, а пател и од желудечен рефлукс, отечени лимфни жлезди и необјаснива температура. 
Идејата за причината за проблемот се појавила благодарејќи на една од епизодите на популарната телевизиска серија „Хаус“, во која генијалниот доктор и циник Гергори Хаус поставува дијагнози за нерешливите случаи.

Еден од германските лекари кој го примил 55 годишниот пациент упатен во Марбуршкиот центар за недијагностицирани болести во мај 2012 година се сетил на епизодата во која тимот на Доктор Хаус се сомневаше на труење со кобалт.

Сомнежот се потврдил и во вистинскиот живот и откриено било дека причина за проблемот е истрошениот вештачки колк кој бил заменет со керамички.

„Набргу по замената на колкот концентрацијата на кобалт и хром во крвта почна да се намалува и здравствената состојба на пациентот се стабилизираше“, се наведува во приказот на случајот.
 
Година дена по замената на дотраениот вештачки колк работата на срцето се подобрила за 40 отсто, немало повеќе температура, како ни желудечен рефлукс. Видот и слухот на пациентот делумно се поправиле бидејќи оштетувањето со кобалт било претешко. Водителот на тимот Јирген Шафер вели дека епизодата од „Хаус“ со труењето со кобалт била од помош бидејќи заради неа бил свесен за проблемите од тој метал, но истакнува и дека биле користени и други дијагностички методи.
Серијата „Др. Хаус“ е работена според вистински медицински случаии Шафер ја користи во предавањата за да им го сврти вниманието на студентите по медицина на ретките или необични болести.
 
OhridNews
извор:„Макфакс“