Директорот на Заводот за кардиоваскуларни заболувања, д-р Никола Бакрачески и професорот Стефан Буџакоски се имињата од кои ќе се бира кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, јавува весникот „Вечер“.
Весникот од високи партиски извори во Скопје дознава дека ова е последниот предлог со кој се стеснил кругот на кандидати со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да го добие градот каде изминативе два локални избори ја губи трката со СДСМ.
Од таму пак промоцијата на кандидатот со кој ќе ја трчаат градоначалничката трка ја направија пред скоро два месеци. Актуелниот градоначалник Александар Петрески кој на престојните локални избори ќе се обиде по трет пат да седне во првата градска фотелја, е убеден во својата победа. Не стравувал од противкандидатот, но посакувал тоа да биде човек кој ќе биде негов достоен противник, пишува „Вечер“.
извор:„Вечер“