Д-р Јованка Точко, вработена во општа болница, а моментално ангажирана во Коснозглобна, ја предводи кандидатската листа за советници на владејачката ВМРО ДПМНЕ во Охрид. Веднаш зад неа е актуелниот советник и координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Пановски, а по него следи претседателот на Унијата на млади сили Саше Донев.

На листата го нема претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, кој решил да и се посвети на партиската функција.

-На мое барање не сум на листата за советници, бидејќи сакам целосно да им се посветам на обврските во партијата. Во јавноста провејуваат многу шпекулации, но ова е причината поради која не сум на листата. Сметам дека на неа има квалитетни личности кои ќе можат одговорно да се носат со обврските кои ги носи советничката функција, а јас ќе продолжам со целиот капацитет да ги извршувам моите обврски во општинскиот комитет.-изјави за OhridNews претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Атанаско Михаилов.

На советничката листа на ВМРО ДПМНЕ се уште и бизнисменот Климент Шешо, Илија Арнаудоски, д-р Гордана Коњаноска, социјалистот Љупчо Чауле, Јадранка Здравева, Илат Исмаил, сопственикот на Пи-Си Ангел Јанев, д-р Славица Петроска, Коста Трифуноски, актуелниот советник Јованка Дамоска Секулоска, професорот на ФТУ Цветко Андреески…

Локалните избори во Охрид ќе се одржат на 24-ти март.

OhridNews