
Врз основа на наредба на Истражен судија, кај лицето Т.К. од Струга, на ден 17.03.2008 година извршен е претрес во неговата приватна здравствена установа (ПЗУ) по општа медицина сместена во МЦ Струга при што одземени му се повеќе амбулантски дневници и други медицински книги за евиденции на пациенти кои ќе се користат во понатамошната постапка.
Лицето Т.К. неовластено, на повеќе наркозависници од Струга и Охрид, им издавал метадон на лекарски рецепти и не ги водел дневните амбулантски книги за издавање метадонска терапија, соопшти Канцеларијата за односи со јавност при СВР Охрид.
ohridnews












