Додека чека за трета трансплатација на бубрег Иван Класниќ го доби спорот со Вердер односно со лекарскиот тим кој не ја препозна болеста на Хрватотот и погрешно го лечеа.
За хрваскиот интернационалец ова е мала, но голема победа, бидејќи се уште се бори за живот по новите компликации кои му се случија.
Регионалниот суд во Бремен пресуди во корист на Хрватот и поранешните доктори во клубот Геце Димански и Мањо Гухаморај ќе треба да му исплатат 100 000 евра и сите трошкови од понатамошното лечење.
Виновните лекари можат да се жалат за одлуката, но ако и на новото рочиште се прогласат за виновни тогаш паричната казна ќе изнесува 500 000 евра, а не 100 000 како претходно.
Некогашниот голгетер во Вердер играше седум години и освои една двојна круна триумфирајќи во Бундес лигата и Купот на Германија.
OhridNews