Oпштина Охрид известува дека на јавен увид ставен е документот Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за проектот „Реконструкција на локална улица „Александар Турунџев“ во Охрид и локална улица во с. Велгошти, Општина Охрид“ во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот, информираат од Општина Охрид.
Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 21.02.2024 година официјалните веб страници на:
• Општина Охрид: https://ohrid.gov.mk/
• ЕИП: www.wbprojects-mtc.mk или
• МТВ: http://mtc.gov.mk/.
Истиот ќе биде на увид во рок од 14 дена. Повеќе инфо на линкот.
OhridNews













