Екс селекторот на кошаркаската репрезентација Марин Докузоски со победа ја започна одисејата на клупата од бугарскиот Лукоил Академик. “Нафташите“ со убедливи 88-59 го совладаа Балкан.

Ја продолжи истата песна во Бугарија, Марин Докузовски.

Во почетниот состав не се најде Дамјан Стојаноски, но се покажа како еден од клучните кошаркари забележувајќи девет поени, седум скокови, четири украдени топки и една асистенција.

Мх.П.