Докузовски на клупата на Лукоил Академик
02.01.12 15:56
Марин Докузовски селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до крајот на сезоната ќе биде тренер на бугарскиот клуб Лукоил Академик .
Раководство на клубот го разреши Јовица Арсиќ и се раздели од Акидо Меклеин.
Поранешниот стратег на Работнички, на клупата на Лукоил Академик седеше во сезоните 2005-2006 и 2006-2007, кога екипата освои два купа и две шампионски титули.
Македонската кошаркарска репрезентација, под водство на Докузовски, го освои 4-тото место на минатогодишното Европско првенство во Литванија.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com










