На средбата помеѓу претседателот на МКФ, Даниел Димевски и селекторот Марин Докузовски, беше искажано обострано задоволство од соработката и заеднички постигнатиот успех, досега најголем во историјата на македонскиот колективен спорт.

Анализирајќи ја новонастанатата состојба, поврзана со новиот професионален ангажман на селекторот во Лукоил Академик и договорните обврски кои од него произлегуваат, а бараат целосна физичка и стручна посветеност на клубските обврски, МКФ изрази поддршка на селекторот во реализирањето на неговата понатамошна кариера.

Сакајќи, сепак, и во иднина тој со своето присуство и капацитет да биде дел од стручниот штаб на нашата репрезентација, на обострано задоволство е договорено Докузовски да остане активно вклучен како советник на новиот селектор, кој ќе биде избран и назначен до крајот на месецот.

Ohridnews