Иако италијанскиот суд пресудата ќе ја донесе следната седмица, светски познатите дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана пред медиумите изјавиле дека не се виновни, а обвинението го нарекле апсурдно.
Тие се обвинети дека во 2004 година ја основале компанијата Гадо во Луксембург, која ја презела контролата над сите нивни брендови, како би го избегнале плаќањето на данок во Италија. Според обвинителите, тие на земјата и должат милионски суми за неплаќање на данок.