Во петтото коло од шампионатот во Првата ракометна лига, Охрид му гостува на РК Радовиш. Исто како  и охриѓани така и радовишани имаат две победи и два порази на стартот на сезоната но благодарение на подобрата гол разлика се едно место подобро пласирани на табелата.


– РК Радовиш е добро подготвена екипа и покрај двата порази кои ги имаат во гости, од РК Текстилец и од РК Младост 09 (од Богданици) кои важат исто така за многу добри екипи во нашата лига, загубија на двата натпревари но само со два гола разлика. РК Радовиш ги игра домашните натпревари во Василево што претставува гостински терен и за нив, само разликата е што ние до таму треба да патуваме 250 километри, а тие само 25 километри. Сметам дека РК Охрид 2011 е подготвен да ја забележи својата прва победа во гости и покрај солидниот противник и долгото патување – вели Атанас Поп Стефанија.

Од клубот очекуваат солидна арбитража од велешките судии, фер однос од домаќините но и голема пожртвуваност од охридските ракометари.

М.П.