Македонија деновиве се пече под сач. Живата во термометрите е високо над 30-от степен. Исклучок не е ниту Охрид. Ќе биде уште пожешко најавуваат метеоролозите. Според прогнозата ваквото исклучително топло време ќе потрае до средината на август.
До крајот на јули дневната температура во Охрид ќе биде околу триесеттиот степен и повисока. Ноќите ќе бидат посвежи од 12 до 17 степени.
Освежување не очекува дури во август, кога се очекува и благ пад на дневната температура која ќе се движи од 24 до 29 степени.
Денеска не очекува сончево и многу топло време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура на воздухот во Охрид ќе достигне до 33 степен, а индексот на UV зрачење ќе биде висок и и ќе изнесува 10. Висока е и температурата на водата 25 – 26 степени, идеална за рекреација.
Слично време не очекува и во наредните денови.
Г.М.