Од јавното претпријатие „Нискоградба“ ги информираат корисниците на услугите  кои имаат заостанат долг по основ на неплатени сметки за одведување на отпадни и атмосферски води, дека истиот можат да го отплатат на повеќе рати во зависност од висината на долгот.

– Оваа можност се дава за оние корисници кои ќе склучат договор со ЈП до крајот на месец Февруари. Кон  оние корисници кои нема да го подмират заостанатиот долг ќе бидат преземени сите законски и подзаконски акти за наплата на истиот по пат на извршител, потенцираат од „Нискоградба“.

Сите заинтересирани лица можат да се обратат во просториите на наплатен центар „Корзо“ или во просториите на јавното претпријатие на Бул. „Железничка“  бб, каде можат  да се информираат и да склучат договор за  плаќање на долгот.

Од Јавното претпријатие додаваат дека на корисниците кои редовно ги плаќаат сметките за одведување на отпадни и атмосферски води им се овозможува бесплатно чистење при дефект на мрежата за одведување на отпадни води, од улицата  до домот на корисникот, услуга која би чинела 7060 денари на час.

OhridNews