Предлог одлуката за исплата на долгот на ОУ„ Григор Прличев“ Охрид кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија, е една од точките кои во петок ќе се најдат на дневен ред на 50- та седница на советот на општина Охрид.

Освен за оваа точка, советниците ќе расправаат и за предлог одлуката за стопанисување и одржување на детско игралиште, за донесување Детален урбанистички план за дел од УЗ 2 блок 2.3 – опфат 2, општина Охрид 2010 – 2015, како и за вклопување на бесправно изградени објекти во Косел, Лескоец, Трпејца, Љубаништа, Велгошти, Долно Лакочереј, Елшани, Кољско и Охрид.

OhridNews