Охрид ова лето пулсира во ритамот на најуникатниот културен настан – „Summer comedy marathon“. Фестивалот за кој се бара карта повеќе завршува вечерва со големото финале на Долни сарај со извонредните балкански стендап комичари Срѓан Олман од Србија и Никола Тодороски од Македонија.

Шоуто е целосно распродадено што е потврда на квалитетот на „Summer comedy marathon“ кој оваа година високо ја подигна летвичката со исклучително квалитетната и оригинална програма.

Годинава „Summer comedy marathon“ понуди 21 настан со разни жанрови комедија а 19 беа целосно распродадени, меѓу кои и големото финале што ќе се случи вечерва на Долни сарај.

Г.М.