Според партијата ДОМ, хотелот што се гради во Лагадин е чир во заштитеното подрачје на УНЕСКО! Како што наведуваат, изградбата на тој објект е скандалозна од самиот почеток во 2016 година, кога почна да се гради.

  • Хотелот се наоѓа во заштитените 50 метри до брегот на езерото каде не е дозволена цврста градба. Изградбата на овој објект прави непристоен преседан во исполнувањето на препораките на УНЕСКО што се однесуваат на времен МОРАТОРИУМ НА ГРАДБА во Охридскиот регион, заради заштита на природното и културното наследство на регионот. Исполнување на сите 19 препораки од реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО, со посебен акцент на препораката број 6 за прогласување на времен мораториум на сите градежни активности во Охридскиот регион, се до донесување на потребните планови, е и еден од заклучоците на одржаната собраниска Надзорна расправа  во врска со управувањето со Охридскиот регион. Расправата ја организираше Комисијата за култура на иницијатива на неформалната група” Пратеници пријатели на УНЕСКО” чиј координатор е пратеничката и претседателка на ДОМ, Маја Морачанин, стои во писмената реакција на ДОМ.

OhridNews