Општинската организација на ДОМ – Охрид остро реагира на започнатите подготовки за изградба на станбен објект на Спортско рекреативниот центар Билјанини Извори во Охрид кај малото фудбалско игралиште.
ДОМ смета дека треба да се преиспита одлуката за изградба на станбен објект во срцето на Спортско – рекреативниот центар Билјанини извори и бара од новиот градоначалник и новата локална власт под итно да ја спречат реализацијата на планот, со цел овој простор да остане во функција на децата и младите луѓе и на сите граѓани на Охрид за рекреација.