Носител на поднесената советничка листа на ДОМ во Охрид е Лета Филипова, која најавува подобрување на туристичката инфраструктура ,современи автобуски постојки,изградба на паркови и фонтани на повеќе локации во охридски стил.
– Програмата на зелената опција има за цел приближување до Европските зелени партии. На граѓаните на Македонија и на Охрид , ќе им понудиме ЗЕЛЕНА програма базирана на „Платформата за зелени општини“ која ДОМ ја претстави пред една година. Приоритетни се 9 (девет) столбови: Демократија и човекови права; Ефикасна заштита на животната средина; Зелена економија со зелени работни места; Еко-земјоделие; Еко-туризам; Обновливи енергии и енергетска ефикасност; Зелени градови; Социјална правда и еднакви можности; Образование, наука и култура, вели Филипова која додава дека кандидатите за советници се интелектуалци од различни области и млади луѓе кои ќе придонесат за подобар Охрид.