Домот би требало да биде наше посебно место на кое можеме на мир да се опуштиме и да се ослободиме од стресот,но, веројатно ситуацијата е целосно обратна, тврдат научници од Универзитетот Пен Стејт во своето истражување.

Имено, поголемиот број испитаници на крај заклучиле дека атмосферата е многу постресна дома, отколку на работа, што е докажано и со мерење на нивото на хормонот на стрес-кортизол во крвта кај испитаниците од двата пола.

Се покажало дека по правило имаат многу пониско ниво на кортизол на работа отколку дома, а бидејќи мерењата се спроведени во работни денови и викенд, со пополнување на прашалник за тоа како моментално се чувствуваат, нема причина да се сомневаме во резултатите.

Овој феномен особено се однесува на жените, кои всушност работата ја доживуваат како место за одмор од домашните обврски, иако и мажите имаат пониско ниво на стрес на работа. Но, изгледа дека без оглед на тоа што мажите повеќе работат дома отколку претходно, поголемиот дел од обврските во домот и понатака е на женскиот грб.

извор:metro-portal.hr