СВР Охрид поднесе кривична пријава против 26-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 16-ти октомври, на градскиот плоштад во Охрид пријавениот физички нападнал 26-годишно лице со што предизвикал чувство на несигурност и страв. Пријавениот е лишен од слобода и му е одреден домашен притвор од 8 дена.
OhridNews












