Основниот суд во Штип му изрече мерка домашен притвор на 54 – годишниот возач на автобусот на „Струмица експрес“, кој според истрагата на обвинителството и на полицијата пред два дена ја предизвика сообраќајната несреќа меѓу возот и автобусот на железничкиот премин Овче поле. Во текот на вчерашниот ден,возачот бил однесен на распит пред истражните органи, но поради болки во градите и главата повторно е вратен во штипската Клиничка болница.
Возачот на автобусот доби кривична пријава за тешки дела против безбедноста на луѓето и сообраќајот, а согласно кривичниот законик за ова дело е предвидена затворска казна до 10 години.
OhridNews
извор Телма