Од четврток до сабота, Охрид ќе биде домаќин на Вториот македонски ревматолошки конгрес, организиран од страна на Македонската ревматолошка асоцијација (МААР) и Универзитетската ревматолошка клиника од Скопје.

На Конгресот ќе се зборува за најсовремените достигнувања од областа на ревматологијата, како тие се имплементираат кај нас и какво значење имаат за нашата држава и здравјето на граѓаните во неа.
 
Почесни учесници на овој конгрес од меѓународен карактер ќе бидат др. Владимир Огненовски – Директор на Амбулантниот оддел за ревматологија при Универзитетот од Мичиген, проф. Дејвид Фокс – Директор на Одделот за ревматологија при Универзитетот од Мичиген, проф. Матеја Томошич – Директор на клиниката за Ревматологија во Љубљана, Словенија, како и многу други лица кои на меѓународно ниво имаат вистински допринесено во оваа област.

OhridNews