Фудбалерите на Челси на домашен терен против Барнли ќе ја започнат одбраната на титулата во Премиер лигата, а исто така домашни задачи во првата рунда ќе имаат Арсенал и Манчестер Јунајтед кои ги пречекуваат Лестер односно Вест Хем.

Манчестер Сити во првото коло гостува кај тимот на Брајтон, Тотенхам на Сент Џејмс Парк кај Њукасл, додека Ливерпул во Ватфрод. Новата сезона во Англија започнува на 12 август.

Второто коло во Премиер лигата ќе го понуди и првото дерби во кое силите ќе ги одмерат Тотенхем и Челси. Во третото коло ќе се сретнат Ливерпул и Арсенал.

Двојки:

Арсенал – Лестер

Брајтон – Манчестер Сити

Челси – Барнли

Кристал Палас – Хадерсфилд

Евертон – Стоук

Манчестер Јунајтед – Вест Хем

Њукасл – Тотенхем

Саутемптон – Свонси

Ватфорд – Ливерпул

ВБА – Бурнмаут

OhridNews