Најдобриот македонски маратонец во моментов Евгениј Поп Ацев годинава ќе настапи по петти пат, а негов најдобар пласман е шестото место  освоено лани. Три пати победувал на малиот маратон, а негова најголема желба е да победи на Охридскиот пливачки маратон. На 25 издание на Охридскиот пливачки маратон е во трка за третото место заедно со Аргентинецот Гилермо Бертола.


– Очекувам убаво време, ќе го дадам максимумот во трката со аргенгентинецот , тој победи на последниот маратон во Србија во Шабац, во добро форма е а пливаше добро и на светскиот шампионат.  И да не успеам да го задржам третото место и да завршам четврти тоа нема да биде трагедија бидејќи и четвртото место во генералниот пласман ќе биде мојот најголем успех во досегашната кариера – вели Поп Ацев кој во Охрид се подготува за утрешниот настап.


Во Охрид ќе плива на “домашен“ терен, неколку пати  го препливал езерото и смета дека ќе биде во блага предност.

Го познавам добро Охридското Eзеро, настапот пред домашната публика сигурно дека ќе биде дополнителна  стимулација. А ова ќе биде ново искуство за мене, тој има многу трки позади себе, настапаувал на многу маратони а настапил и на неколку светски првенства. Тој е поискусен во однос на трките, додека јас сум поискусен на овој терен.-посочува Поп Ацев.

Фаворитската улога и годинава ја има Стојчев, кој е неприкосновен во Охрид. За македонскиот пливач дружењето со моментално најдобриот маратонски пливач е од непрoценливо значење. 

– Петар Стојчев победува девет години по ред, а годинава победи и на светското првенство, со што  ја потврди својата доминација и моментално нема некој пливач што е подобар од него.  Со него е голема чест да се плива , тој кон мене е доста коректен ми дели совети и имаме добра соработка, како колеги спортисти . Еднаш бевме заедно и на подготовки, сум научил доста од него, а тој не  ме гледа мене како помал пливач туку како пливач со кого пливаат заедно и се труди да ми го пренесе своето искуство – истакна Поп Ацев.


Покрај Поп Ацев годинава “повратник“ на Охридскиот пливачки маратон е и Томи Стефноски кој во 2009 година му рече само довидување на маратонското пливање.

–  Во 2009 година го пливав Охридскиот маратон за последен пат но пусто срце јуначко не издржа. Бев изненаден од начинот на кој ги испливав маратоните во Канада, трето место. За прв пат во Гранд при историјата македонец застана на пиадесталот. Моментално се одмарам бидејќи навистина беше голем замор. Оваа година од првите осум на ранг листата седум се присутни во Охрид и мислам дека тука ќе се води борбата. Ќе дадам сто отсто од моите можности но долга трка е и не може да се прогнозира. Бертоло мислам дека е во најдобра форма, тука е апсолутниот фаворит Петар Стојчев но и нашиот Евгениј Поп Ацев. Тоа е групата која ќе се бори за првите места – смета Стефаноски.


Поп Ацев тренира сам, без тренер, има одлична релација со Стефаноски

–    Во Скопје тренирам во клубот Студент, поголемиот дел од тренизите, заедно со другите пливачи, и вака без тренер е доста тешко, Прво немате кој да ве бодри и да ве тера да пливате. Тренингот ќе го организираме , ќе го обмислите некако, ама нема кој да ти каже што да пливаш, тоа е исто како да учиш а да немаш тестови. Маката на се не навикна и затоа ги комбинираме подготовките со другите пливачи да бидеме во друштво со пливачи и тренери да разбиеме монотонија. Со Томи Стефаноски стоимее супер, не сме во исти клуб, но  тренираме во исти базен, често се гледаме се дружиме и во последно време заедно и тренираме. Меѓу нас постои тој ривалитет, но мене би ми било драго да ме победи Томи отколку некој друг – вели Поп Ацев.

Концентрацијата и стратегијата најважни за триумф на маратонот

– Најдобро е да се следи групата и обично пола трка се следи темпото, кој како појачува така испаѓаат пливачите од групата и остануваат се помалце и помалце .Најбитно е  колку што можеш повеќе да ја следиш групата, толку подбро, полесно е да се плива во групата, го следиш темпото на тие пред и позади тебе, а и тие ти помагаат да го одржиш темпото,Истот така  битната работа е концентрацијата, мислиш кој  е пред тебе, кој е позади тебе, дали си уморен, сигурно дека во тие пет –шест саати се мисли и на работи кои не се поврзани со трката но најголемиот дел од мислите се насочени кон пливањето. Тактиката, дали да го стигнеш тој пред тебе или да му избегаш на тој позади тебе , да ја темпираш формата – смета Поп Ацев


Стефаноски : Оставени сме сами на себе

– За да се биде прв треба да си најдобар сверски маратонец што не е лесна работа со оглед на тоа каков е третманот во Македонија. Оставени сме сами на себе а имаме една манифестација која што е од врвен светски ранг, така да тие две работи не одат рака под рака. Се надевам дека после овој маратон, уште недела, ќе има некои разговори затоа што за едно вакво ниво на спорт треба да се разговара минимум една година однапред. Се надевам дека ден по маратонот нема да е исто како до сега.

М.Постоловски