Португалскиот стратег, Жозе Мурињо и неговите избраници имаа моќен почеток во Премиер лигата победувајќи го Бурнмаут пред своите гледачи со 3-1.
„Црвените ѓаволи“ на Виталити стадионот првите бодови на табелата ги осигураа со погодоците на Хуан Мата во првиот и Вејн Руни и Златан Ибрахимовиќ во вториот дел.
Фудбалерите на Бурнмаут кои минатата сезона славеа против Манчестер Јунајтед на домашен терен преку Адам Смит постигнаа почесен погодок.
OhridNews