Романската тенисерка Симона Халеп и најтрофејната Американка Серена Вилјајмс ќе ги одмерат силите во финалето на престижниот грен слем турнир Вимболдон.

Халеп во полуфиналето во два сетови (6-1, 6-4) за нешто повеќе од еден час ја совлада Елина Свитолина, додека Серена и дозволи само три гемови во двата сетови на Барбора Стрицова.

Во големото финале кое ќе се одигра в сабота, Халеп ќе ја брка првата титула на Вимболдон, а Серена Вилијамс ќе атакува на осмиот трофеј на неофицијалното светско првенство во тенис.

OhridNews