Екипите на Лестер и Тотенхем очекувано доминираат со по четири играчи во идеалниот тим избран од фудбалерите во Премиер лигата.


Преставници на лидерот Лестер во тимот на годината се Вес Морган, Ријад Марез, Џејми Варди и Н`голо Канте додека од Тотенхем се Тоби Алдервајрлед, Роуз, Деле Али и Хари Кејн.

Во идеалниот состав голман е Давид де Геа од Манчестер Јунајте, а го сочинуваат уште Димитри Пајет од Вест Хем и Хектор Белерин од Арсенал.


Единствено изненадување во тимот на годината е што нема место за Месут Озил кој сезонава е најдобар асистент во Премиер лигата.

OhridNews