Чуварот на мрежата на Вардар, Арпад Штербик ги собра двете индивидуални признанија во прогласувањето на најдобрите за 6-та рунда од Лигата на Шампиони.
Со маестралната престава Штербик против Европскиот првак, Киелце се најде меѓу идеалниот тим, а одбранетиот удар од седум метри со задршка му донесе прво место во најдобрите одбрани.
Во идеалниот тим на колото место има уште за Игор Карачиќ кој имаше перфектен скор „девет од девет“ во триумфот над Киелце во Скопје.
Најдобрите одбрани и голови можете да ги погледнете тука и тука, а изборот за тимот на колото тука.
Идеалниот тим:
Лево крило: Џери Толбринг (Кристијанштад)
Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
Среден бек: Игор Карачиќ (Вардар)
Десен бек: Недим Ремили (ПСЖ)
Десно крило: Мариус Штајнхаусер (Рајн Некар)
Пикер: Хулен Агинагалде (Киелце)
Голман: Арпад Штербик (Вардар)
OhridNews