Чуварот на мрежата на Вардар, Арпад Штербик имаше блескава престава на реванш натпреварот со Висла во кој „црвено црните“ обезбедија пласман понатаму победувајќи со 31-20.
Штербик е дел од идеалниот тим на колото во 1/8 финалето, а една од неговите одбрани се најде и во ТОП 5.
Во тимот кој го предводи Штербик место обезбедија Уве Генсхајмер од Рајн Некар Ловен, Момир Илиќ од Веспрем, Диего Симоне од Монпеље, Золт Балог од ПИК Сегед, Педро Родригез од Ла Риоха и Исам Теј од Монпеље.
Мх.П.