Фудбалерот на Арсенал, Оливиер Жиру и менаџерот Арсен Венгер се прогласени за најдобри за месец март во Премиер лигата.


„Топчиите“ во март забележаа четири победи во исто толку натпревари во Премиер лигата, а голем број од погодоците постигна Жиру.

Стопроцетниот ефект ги врати фудбалерите од „Емирати“ во топ четири екипи на табелата што би значело пласман во Лигата на Шампиони.

Покрај четирите победи „топчиите“ во март го елиминираа Манчестер Јунајтед во ФА купот победувајќи го на „Олд Трафорд“ со 2-1.

Мх.П.