Унгарскиот репрезентативец е едно од најголемите имиња кои го ставиле потписот за ГРК Охрид! Доминик денес го слави 27-от роденден. Игра на позицијата десен бек (202 cm, 108 kg) и ќе го носи дресот со бр.23 следната сезона.

Има одлични настапи и еден од носителите на Унгарската репрезентација на сите светски и европски првенства.
Мило ми е што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид. Од првиот разговор бев импресиониран од проектот и плановите за идниот период. Едвај чекам да ги запознаам фановите, се надевам дека ќе играм клучна улога во остварувањето на нашите цели, освојување на титула во лигата и што поголеми успеси во интернационалните натпреварувања, изјави Мате.
OhridNews











