15 години, партиите и градоначалниците, на постарите лица од Охрид и ветуваат дом за нивно сместување, но тие и натаму можат да ги користат единствено субстандардните услуги на геријатриското одделение на Општата болница, со триесетина легла. Се виде дека “хотелот” – дом за стари лица, досега бил осамо мамка за купување гласови – реагираат од Огранокот на Партијата на пензионерите, за општините Охрид и Дебрца.

-Несватливо е зошто не започна изградбата на Домот за стари лица? Сегашниот градоначалник Јован Стојаноски, преку прес-службата, најави скорешен почеток, наводно, проблемот бил само уште во пристапното патче!? Неговиот претходник,Никола Бакрачески, пред локалните избори уверуваше дека не сака инвеститорите да ги става во позиција да бидат обвинети дека се дел од кампањата. Оној пред нив, Алексдандар Петрески, беше приказна за себе. Во кампањата, пред двата мандати, се братимеше со охридските пензионери, за уште во 2012 да изјави: “изградбата наскоро ќе започне”, но ниту прецизираше кога, ниту пак започна– велат од од огранокот на партијата.

Огранокот на партијата на пензионерите за општините Охрид и Дебрца укажува дека иако целата постапка е завршена – од електронското јавно наддавање за продажба на градежното земјиште, преку изборот на изведувач на работите, градежната компанија АД „Илинден“ од Струга – како најповолен понудувач, почеток на изградба нема. Партијата прашува на што се должи доцнењето и дали можеби постојат некакви други интереси поради кои не се реализира проектот, дотолку повеќе што договорот за изградба е потпишан пред 2,5 години, а предвидената локација се уште е гола ледина.

OhridNews