Пристигнаа книгите во охридската гимназија „Свети Климент Охридски“, дел од донацијата од 40 000 книги за основните и средните училишта од Охрид и околината во рамките на проектот „Интернационален Проект Книга“, информираат од училиштето.
Донираните книги се од областа на математиката, природните науки, медицината, стручни книги и речници, како и одреден број на тинејџерска белетристика. Со овој проект се збогатува нашата библиотека со литература на англиски јазик која ќе биде достапна за нашите ученици, велат од училиштето.
Воедно упатуваат благодарност на Бил Бриџфорд – волонтер на Мировниот Корпус од САД, училиштето СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и проф. Марија Андреева-Попоска, како и до Општина Охрид.
OhridNews












