Јавното претпријатие „Билјанини Извори” за потребите на Одделението за геријатрија при Општата болница – Охрид, донира 6 анти декубитни душеци и две ПВЦ врати.


Донацијата од страна на ЈП “Билјанини Извори” официјално ја предаде директорката на претпријатието Гордана Јованоска која истакна дека оваа скромна донација е еден мал придонес од претпријатието, како општествено одговорно, во насока на подобрување на секојдневните услови на лицата згрижени во одделението.

Од претпријатието додаваат дека, во рамки на можностите, и во иднина ќе продолжат општествено одговорните активности.

OhridNews