ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” ќе добие донација од Почесниот конзулат на Р. Србија во Охрид. Станува збор за средства кои ќе бидат наменети за реконструкција на кровот во павилјонскиот дел од болницата.
Реконструкција на кровот од болницата кој е во очајна состојба, веќе повеќе од 50 години е дисфункционален. Како општетствена одговорна личност тоа ми беше и целта да помагам пред се за граѓаните. Оваа болница е многу битна во поглед на пружање здравствени услуги и за развојот на град Охрид од туристички аспект и услужување на туристите. Се што можеме секогаш ќе помагаме и ќе се бориме да придонесе за граѓаните на Охрид. Се чекаат одредени проценки и пресметки, така да донацијата ќе биде во зависност од потребата и истата почнува да се реализира веќе следната недела, вели Михајло Филев, почесен конзул на Р. Србија во Македонија.

Се е во функција на пациентите. Ние сме регионален центар. Се надеваме дека за брзо ќе може да се пушти и делот кој веќе седум години го реновираме, за да бидеме подготвени што повеќе пациенти да прифатиме и да им помогнеме. Годишно во амбулантскиот дел имаме 45 илјади прегледи, околу 1500-2000 операции. Овие неколку години сме малку лимитирани заради просторниот капацитет со реновирањето, но се надеваме дека бројот на услужени пациенти ќе биде двојно зголемен по пуштање во употреба на делот кој се реновира, вели доктор Огнен Шешоски, ортопед.

Во поглед на кадарот недостасува. Има доста колеги кои ќе заминат во пензија. Се трудиме да обезбедиме кадар и тоа е процес кој треба да тече постојано. Има доста млади доктори кои се на специјализација и кои сеуште се со договор на дело кои чекаат да бидат вработени. Квалитетен кадар кој секако ќе биде во функција на цело општестсво, потенцира Шешоски.

Н.С.Ј.
фото. Б. Стојаноски



















