
Целта на акцијата е да се приберат донации за изградба на нов стационар во Охрид.
-Ќе ве пречекаме со топло вино, колачи и ќе биде поставено платно на кое што ќе може да се сликате со новогодишна тема и ќе имаме кученца за вдомување. Доколку времето е врнежливо настанот ќе биде одложен, велат организаторите. – велат организаторите.
Оваа акција за помош на здружението „Анималиа “ има и светска димензија. Марина Палмер една од организаторките на настанот во објава на една социјална американска донаторска мрежа напиша: Да помогнеме и кучињата да имаат дом. Постојат стотици гладни, осамени и болни кучиња кои живеат по улиците на Охрид, Македонија. Во изминатите четири години, малата организација „Анималија“ успеала да засолни, храни, лекува и и да им најде дом за многу напуштени животни од кои најбројни се кучињата. Сепак, оваа организација зависи исклучиво од приватни придонеси и во неа работа двајца вредни волонтери.
Ова е ЛИНКОТ до донаторската мрежа.
OhridNews











