Членовите на лајонс клубот „Лихнидос“ донираа на одделот за Геријатрија при Општата болница специфична опрема, наменета за стари и тешко подвижни пациенти. Опремата се состои од четири инвалидски колички, четири ортопедски помагала и една медицинска хидраулична када.
-Со помош на фирмата „Хексагон’ ја адаптиравме пневматичката функција на кадата за условите во геријатриското одделение. Сега останува да се одреди оптимален простор и да се прилагоди кон потребите на тешко подвижните пациенти. – изјави Сашо Алчев, член на ЛК „Лихнидос“ и иницијатор на акцијата.
Инаку, ова не е прв пат медицинските установи во Охрид да бидат во фокусот на вниманието на ЛК „Лихнидос“. Минатиот ноември клубот донираше 34 комплети (перници, прекривачи и заштитни пресвлеки) за болничките кревети во одделението за геријатрија при Општата болница во Охрид.
OhridNews




.jpg)









