Со собрани средства од неодамна одржаната хуманитарна програма „Играта е детска работа“, во организација на Лајнс клуб „Деница“, набавени се 30 волнени ќебиња наменети за ЈОУДГ Јасна Ристеска.

Од страна на членовите на ЛК „Деница“ ќебињата се доставени во детската градинка.

Од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ изразуваат благодарност до сите кои учествуваа во организацијата на хуманитарната програма на која присуствуваа голем број родители кои помогнаа за реализација на оваа донација.

OhridNews