Денеска во детското одделение при Специјалната болница за ортопедија и траумтологија „Св. Еразмо“ во Охрид, претставници на GlaxoSmithKline Macedonia донираа постелнина и играчки за најмладите кои престојуваат и се лекуваат токму во оваа установа.
Директорот на претставништвото GlaxoSmithKline во земјава, Билјана Индова, истакна дека преку оваа донација компанијата сака да даде придонес во заедницата во која што работи, односно да помогне во здравствениот сектор.
„Слушнавме за потребата за подобрување на условите во Специјалната болница за ортопедија и траумтологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Затоа денес, сите вработени дојдовме да ја врачиме донацијата, која што е во форма на постелнина и она што најмногу им значи на болните. Донесовме играчки и училишен прибор, односно се она што на дечината може да им го разубави денот. Дополнително на доброволна основа, ќе даруваме крв за сите оние на кои што секоја капка крв им е драгоцена. На тој начин сакаме да го поттикнеме волонтерскиот дух на вработените во нашата компанија и да придонесеме во заедницата во која што работиме.“ – потеницра Индова.
Заменик-директорот на Специјалната болница за ортопедија и трауматолоија „Св. Еразмо“ во Охрид, д-р Благоја Балев, истакна дека секоја донација од хуманите граѓани во оваа установа е добредојдена.
„Самата институција која денеска донира, ги процени нашите потреби и веруваме дека со овој начин ќе се подобри стандардот во сместувањето и лекувањето на пациентите, посебно децата со нивните придружници, мајки.“ – истакна Балев.
Инаку, Детското одделение кое оддамна е сместено во оваа установа, брои 25 пациенти со исто толку придружници.
O.T.