Две непознати машки лица синоѓа околу 19.30 часот во поликлиника „Бит Пазар“ во Скопје донеле женско лице на возраст од околу 25-30 години, кое што не давало знаци на живот. Откако го оставиле непознатите лица веднаш си заминале од поликлиниката.

Од страна на лекар била констатирана смрт, а причината е непозната. Увид на  лице место извршила екипа од СВР-Скопје, а по наредба на Истражен судија, телото на починатата е предадено за обдукција.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

OhridNews