
Донесувањето на законот го следеа и претставници на здруженијата на стечајците кои солзи во очите го проследија гласањето на пратениците.
-Задоволни сме но останаа уште 500 – 600 стечајци кои останаа незгрижени. Нашата борба ќе продолжи додека сите не бидат обезбедени рече Лилјана Геоагриевска, претседател на УНИТ.
Со законот опфатени се околу 3.000 лица кои ќе добиваат месечен надомест од по 8.356 денари до пензија.
На денешната седница Собранието ја укина радиодифузна такса. Согласно одлуката оваа јавна давачка нема да се плаќа од месец октомври.
OhridNews











