
Согласно Законот за животна средина во наредниве 30 дена , Министерството ја отпочнува јавната расправа по нацрт Стратегијата која е објавена на веб страната на МЖСПП.
„Стратегијата е конкретен резултат и верувам дека ќе ја постави структурата на управување со отпадот во Македонија на високо рамниште кое ќе го опфати решението на проблемот со отпадот уште на самото место на создавањето , со негова пре-селекција и со негово искористување како замена за природните ресурси за производство на енергија. Ако на тоа се додадат и воспоставување на рационална мрежа за депонирање и пред се зајакнување на граѓанска свест верувам дека полека ќе почне да излегуваме од замката со неадекватно постапување со отпадот , која сами си ја поставивме, а со што сами себеси си се загрозуваме“, изјави државниот секретар во МЖСПП, Дејан Паноски, по повод изготвувањето на нацрт верзијата на Националната стратегија за управување со отпад во РМ.
ohridnews











