Владата донесе одлука Градскиот трговски центар во Скопје да биде обложен со барокна фасада. Во службен весник веќе е објавена одлуката за продолжување на изградбата на проектот Скопје 2014 во чии рамки е измена на ликот на Градскиот трговски центар.

 

ГТЦ беше објект со решение за културно наследство, но сега тој верификат е укинат. Претходно, архитекти , актери познати скопјани организираа протести и трибини со цел ГТЦ да не се менува.

Градскиот трговски центар е изграден 1973 година според проектот н аархитектот Живко Поповски и група негови колеги. Авторот има оставено аманет да не се менува ликот на објектот и градскиот трговски центар да остане градски. Граганите протестираа организираа референдум и симболично го гушнаа трговскиот и порачаа ГТЦ на Скопје да не се облекува во барок.

OhridNews
извор Телма