Општина Охрид врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.

Истото опфаќа покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на услугата, покривање на трошоците за спроведување на отпад до 150 денари за секој корисник на услугата, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари за секој корисник на услугата и покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 83 денари за секој корисник на услугата.
Согласно програмата за социјална заштита во буџетот на општина Охрид за оваа намена се предвидени 2.300.000,00 денари.
Повеќе информации за решенијата на линкот.
OhridNews











