Општина Охрид врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.

За таа цел беше објавен Јавен повик за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги врз основа на кој се донесени решенијата и објавени на општинската веб страна, информираат од Општина Охрид.

Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги како што беше наведено во јавниот повик се однесува за периодот од 01.01.2023 година, заклучно со 31.12.2023 година, а согласно програмата за социјална заштита во буџетот на Општина Охрид за оваа намена се предвидени 1.500.000,00 денари.

Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 703,00 денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе се однесува на покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата, покривање на трошоците за спроведување на отпад до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата и покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 83 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата.

OhridNews