Од локалната самоуправа информираат дека градоначалникот ги донел решенијата за субвенционирање на трошоци за комунални услуги. Решенијата се донесени врз основа на Записникот од одржаниот состанок на Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање на трошоците за: МЈП „ Проаква”, ЈП „ Нискоградба”, ЈП „ Управување со градски гробишта” и ЈП „ Охридски Комуналец”.
Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање на трошоците утврдила дека од пристигнатите 236 апликации сите ги исполнуваат условите. 92 апликации се на лица со инвалидитет, 55 апликации се на лица кои не се вработени, 37 апликации се на лица кои се приматели на постојана парична помош и 52 апликации се на лица кои се приматели на социјална помош.
Имињата на граѓаните на кои ќе им бидат субвенционирани трошоците се објавени на општинската интернет страна.
OhridNews