Ако за в.д. градоначалникот Константин Георгиески законите не важат и не доставил Анкетен лист за имотната состојба, истото како лош пример е и за голем дел од функционерите на СДСМ и коалиционите партнери на локално и централно ниво, рече на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев.
- Законската обврска за доставување на потребната документација не ја исполниле Љупчо Грданоски, Гордана Јованоска и Ванчо Костоски како директори на Јавни претпријатија. Скоро сите директори во образованието: Оливија Пирузева-Јанева, Офелија Петреска, Мирјана Крлеска, Елена Ел Нади, Марија Мариноска, Весна Цветкоска, Сашо Недески, Марјан Радески и Мери Рилкова. Васко Паскали како директор на ЈУ Национален парк „Галичица“, Елизабета Новакоска од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј. Анкетни листови не доставиле и директорите Сашо Точко од Центар за јавно здравје и Ацо Велески од JЗУ „Св. Еразмо”, рече Донев
ВМРО-ДПМНЕ ја повика Антикорупциската комисија да ги испита овие наоди и да поведе соодветни постапки според законите.
OhridNews












