Охрид и крајбрежјето на охридското езеро станаа место за несоодветна градба и урбано развивање, нарушување и уништување на животната средина и неконтролиран урбан развој. Охрид стана синоним за дивоградби, рече на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Донев.

  • Зошто локалната власт и Георгиески дозволија Охрид да биде на врвот на листата со дивоградби и зошто покрај рокот за легализација свесно дозволија да се изградат стотици дивоградби? Дали тоа е фактурата за спроведениот изборен инженеринг? Зарем УНЕСКО требаше да Ви каже дека бетонската база е изградена во населено место на стотина метри од Охридското Езеро и од болницата Св. Еразмо Охридски? Но очигледно треба да Ви посочи некој дека оваа дивоградба е темпирана еколошка бомба и за езерото, и за животната средина и здравјето на граѓаните, рече Донев.

Донев додаде дека градоначалникот изјавил дека почнал со исполнување на препораките од пред две години кои требало до сега сите да се реализирани, од она што е напишано во последната точка и последниот ред во извештајот на УНЕСКО-палмите.

  • Се разбира, полесно е да се отстранат палмите отколку да се отстранат стотици диви градби од кои најголемиот број никнуваат токму последниве две години. За охриѓани, но и за туристите, ќе следат состаноци, одлуки, преговори и договори во врска со истите, но нема да следи и отстранување и конечно запирање со неконтролираното градење во Охрид. За УНЕСКО ваквите претстави повеќе не поминуваат, рече Донев.

Го повика градоначалникот да започне со рушење на дивоградбите како што тоа било направено со палмите.

OhridNews