Како кандидат за советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, како преставник на младите на ВМРО ДПМНЕ Охрид и како претседател на Унијата на млади сили, со својот кредибилитет и целосна посветеност ќе се залагам за целосна реализација на проекти кои ќе го направат Охрид  прекрасно место за живеење и делување на младите, изјави на денешната прес- конференција кандидатот за член во советот и претседател на УМС, Сашо Донев.

– Би сакал да истакнам дека преку реализација на проекти од доменот на спортот и индустријата  Охрид ќе прерасне во место кое ќе нуди достоен живот на секој млад човек. Преку изградба на затворен пливачки базен ќе се задоволат потребите на пливачките клубови и на училишната младина но исто така ќе биде и дел од спортската рекреација на нашите сограѓани. Со изградба на тениските терени на Охрид ќе го вратиме пристапот до овој спорт со кој ќе имаат моќност да е рекреираат туристите а пред се ќе преставуваат и место за спортување на талентирани спортисти за тенис.Во изборната програма на ВМРО ДПМНЕ за градот Охрид е предвидена реализација на проект Спортско лето – Спорт за сите преку кој на едно место во период од неколку денови ќе се направи популаризација на повеќе спортови, рече Донев.

Тој најави и враќање на сјајот и на маалскиот фудбал и баскет, како и стипендирање на младите таленти.

 – Една од најцрните точки од владеењето на Александар Петрески и СДСМ со Охрид е нивната незаинтересираност за креирање на што подобри услови за младите во нашиот град. Ваквата незаинтересираност која ја согледавме во изминативе осум години поради која најголем број на луѓе процентуално се иселени од Охрид мора да престане и да започне нов период со НОВИ ДЕЛА за подобар Охрид и подобар живот на младите.ВМРО ДПМНЕ покрај реализацијата на проектите во спортот се залага и за развој на Индустријата и преку создавање на Индустриска зона ќе успееме  да отвориме нови работни места кои се неопходни за враќање на младите во Охрид, додаде Донев.

OhridNews