СДСМ ги згаснаа последните надежи дека некогаш кај Мауцкер  ќе има современа индустриска зона со стотици вработувања со издавање на одобрение за изградба на бетонска и асфалтна база на локацијата, вели претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Сашо Донев.

Донев истакна дека покрај тоа што се депонирани илјадници метри кубни шут и ѓубре, сега била исплатена и  нова фактура за нов циклус исплатени услуги кон бизнисменот и член на ДУИ Нефи Усеини.

Изминатата недела Општина Охрид и Георгиески работеа само за еден човек. Експресно, за само неколку часа беше издадено одобрение за бетонска и асфалтна база. Се враќаа вработени од одмори, а некои работеа од дома само да се задоволи барањето на Усеини, додека граѓаните чекаат и по две години да добијат едно обично одобрение за градба, вели Донев

Градежната парцела кај Мауцкер беше откупена за сума од 71 денар по метар квадратен со намена на градежното земјиште за лесна и незагадувачка индустрија и не се предвидуваше изградба на бетонска и асфалтна база,потсети Донев и побара Антикорупциска да отвори постапка за овој случај.

Антикорупциска комисија да испита како е можно да се откупи парцела за една намена, а веднаш потоа да се измени и правилникот кој сега дозволува изградба на бетонска и асфалтна база,  и да се испита на каков начин е спроведена постапката за отуѓување на градежното земјиште, повара Донев. 

K.A.